Дончиќ по поразот: Сакате да кажам дека немаме самодоверба?

1041

Бостон ја искористи послабата игра на Далас и победи со 107:89. Само девет асистенции, тоа е учинокот на Маверикс, бројката која е најмала во финалињата во НБА од 2007 година, кога Сан Антонио го збриша Кливленд Кавалирс.

Далас е само третиот тим во последните 58 години кој завршил натпревар во финалната серија со помалку од десет асистенции.

Лошите проценти на шут од поле и за три поени е една од причините за поразот на тимот од Тексас на воведниот натпревар во финалната серија.

Лука Дончиќ беше запрашан дали по овој натпревар се уште има самодоверба.

„Секако дека има. Сакате да кажам дека немаме самодоверба?“, одговори со контра прашање.

Дончиќ постигна 30 поени, со десет скока, но само една асистенција. Таа една асистенција му се случи само седум пати во кариерата.

“Тие најчесто играат еден на еден. Секогаш имаат голема помош. Затоа шутиравме толку лошо”, објасни словенечкиот кошаркар.

Тој го пофали најдобриот поединец во редовите на Селтикси, Кристапс Порзингис.

“Тој беше навистина одличен. Погоди шут по шут. Не блокираше. Имаше одлична игра на двете страни од теренот”, додаде Дончиќ.

ПретходноБум: Беса го договори Захов!
СледноФондацијата „Марко Божиновски“ со нова мисија: Опремување на клубовите со мерачи на срцев ритам