Меси не ја исклучува можноста да игра и на СП 2026!

73

Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. На тој Мундијал “гаучоците“ ќе ја бранат титулата од Катар, а дали со Меси или без него, тој деновиве даде интересен коментар со кој не ја исклучи можноста да игра и на тоа СП:
“Тогаш ќе имам 38 години и се зависи од тоа како ќе се чувствувам.Пред се дали ќе бидам физички подготвен. Има уште време, но тоа брзо минува, јас сега не можам да ја исклучам таквата можност. Најважно е дали ќе бидам на тоа потребно ниво. Реални да бидеме она што сега го играм не е исто како во Европа кога имав меч секој трет ден, дали во првенството или ЛШ“ изјави Лео Меси.

ПретходноТепачка на Купот на пријателството (видео)
СледноИ го украдовме Анастас Арнаудовски на Хрватска! (ФОТО)