Селекторот на младинската машка ракометна репрезентација, Раде Стојановиќ го скрати списокот за ЕХФ Европското првенство кое ќе се одржи во Словенија од 10. до 21. јули.
Предводникот на „црвено-жолтите“ во подготовките ќе смета на 21 ракометар, собирот е закажан за во понеделник. Младинците првата фаза ќе ја работат во Маврово.
Нашата младинска селекција е дел од групата А заедно со репрезентациите Австрија, Хрватска и Црна Гора.