Ролан Гарос: Зверев убедлив против Руд и си закажа финале со Алкараз!

108

Познати се финалистите на годинашниот Ролан Гарос. Тоа се Карлос Алкараз кој прво во драматично полуфинале го победи Јаник Синер и Александар Зверев, кој вечерва со 3:1 беше убедлив против Каспер Руд.

Ова за Зверев е прво финале на Ролан Гарос во својата кариера.

Интересно, првиот сет го доби Руд и тоа со 2:6. Сепак Зверев навреме се “разбуди“ за да потоа во следните три сета беше подобар со 6:2, 6:4 и 6:2 во гемови дојде до 3:1 и победа за финале.

Податокот дека овој меч траеше само 2 часа и 38 минути кажува многу.

ПретходноИсланд ја “смрзна“ Англија на “Вембли“, Германците со пресврт до победа, одлична Албанија…
СледноГотово е: Јапонецот Такахара во дресот на Струга ТЛ!