Во супер интресно, па и драматично, полуфинале, Карлос Алкараз со 3:2 во сетови успеа да го победи новиот бр.1 на АТП листата Јаник Синер и да се најде во финалето на Ролан Гарос, во меч кој траеше нешто повеќе од четири часа.
Голема борба беше тоа на двајцата легитимни наследници на Новак Ѓоковиќ. Првиот сет го доби Синер со 6:2 во гемови, веднаш Карлито врати со 3:6. Италијанецот повторно поведе со 2:1 откако го доби третиот сет со 6:3, но сепак тоа беше недоволно, Шпанецот се разигра кога беше најпотребно, ги доби четвртиот и петтиот сет и со тоа се пласира во големото финале на Ролан Гарос.
Carlos Alcaraz: the youngest men’s player to reach a Grand Slam final on all three surfaces 🙌🇪🇸#RolandGarros pic.twitter.com/OaztGD5QCy
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 7, 2024