Баер го договори првото летно засилување, а доаѓа од Франција

571

Германскиот шампион Баер Леверкузен има нов играч. Првото летно засилување за тимот предводен од Чаби Алонсо е францускиот дефанзивец Жанел Белосијан кој доаѓа од редовите на Рен.
Според Фабрицио Романо, клубовите се договориле, а 19-годишниот играч ќе потпише петгодишен договор.
Неофицијално трансферот ќе изнесува 15 милиони евра.
Минатата сезона Белосијан за Рен одигра 27 натпревари и постигна еден гол.

ПретходноАндреас Трајковски се пласира на 22. место на атлетското ЕП во Рим
СледноТепачка на Купот на пријателството (видео)