Бум: Беса го договори Захов!

842

Дебитантот во ПМФЛ, тимот на Беса и тоа како ја засили голманската позиција. Ново име е Костадин Захов (36), досегашниот голман на Воска и легенда на Шкендија со која освојуваше титули и играше во Европа, трипати во плеј – офот во Лигата на Европа.

Голман кој во изминатата деценија важеше за еден од најдобрите голмани во ПМФЛ.

Покрај Воска и Шкендија, Захов во својата кариера има брането и за Вардар, Брегалница, Хоризонт Т и Беласица.

Се разбира дека ова е големо засилување за клубот од Добри Дол кој најавува дека ќе има уште вакви засилувања во текот на летниот преоден рок.

Нема што, Беса под водство на тренерот Александар Таневски нема намера да игра епизодна улога во својата дебитантска сезона во ПМФЛ.

Инаку покрај Захов, од Воска пред неколку дена си замина и Ален Јашароски. Што ова значи?

ПретходноЧаби Алонсо има големи планови за Реал, со себе ќе понесе еден играч од Баер
СледноДончиќ по поразот: Сакате да кажам дека немаме самодоверба?