Голман отпадна од составот на Германија за ЕП

560

Голманот на Штутгарт, Александар Нибел нема да биде дел од националниот тим на Германија за ЕП 2024, соопштува „Билд“. Досега составот на селекторот Јулијан Нагелсман вклучуваше 27 фудбалери, по што беше јасно дека еден треба да отпадне од списокот. Нагелсман проценил дека тоа треба да биде Нибел што значи дека на голманската позиција Германците ќе ги имаат Мануел Ноер, Марк Андре тер Штеген и Оливер Бауман.
Ова Нагелсман, заедно со конечниот список на играчи, ќе го објави по контролниот меч со Грција во случај да треба да менува при некоја повреда.

ПретходноСелекторот на У-21 на БиХ: Македонците беа некоректни, не го испочитуваа договорот!
СледноНајмладиот стрелец во Ла Лига сега е вистински тенк пред противничките одбрани