Она што се најавуваше од вечерва е и официјално. Масааки Такахара е нов член на шампионот. Тој минатата сезона беше одличен во дресот на Гостивар и тоа беше препорака Струга ТЛ да го ангажира.
Вечерва со видео стружани го најавија своето ново летно засилување.
Нема што, Струга ТЛ и во следната сезона ќе има тим кој што ќе атакува на титулата во ПМФЛ.
Такахара има 28 години и е офанзивец иако може да игра и во офанзивната линија за врска.