Вечерва се одиграа повеќе пријателски средби. Секако дека во центарот на вниманието беше “Вембли“ во Лондон каде Англија во “генералката“ за ЕУРО 2024 беше поразена од Исланд со 0:1. Стрелец на голот беше Торстеинсон во 12.минута.
Видовме една бледа Англија, а лошо е тоа што се повреди Џон Стоунс, првиот стопер на Герет Саугејт.
Далеку е оваа Англија да биде прв фаворит за титулата на ЕП.
Германија славеше против Грција со 2:1. Сепак треба да се каже дека Грците водеа со 0:1 се до 56.минута кога Хаверц израмни, за да во 89.минута Грос донесе победа.
За разлика од фаворитите, Албанија имаше одлична “генералка“ пред ЕП. Нашиот западен сосед го победи Азербејџан со 3:1.
Шкотска и Финска одиграа 2:2, а Полска со 3:1 ја победи Украина. Сепак нема место за славје за Полјаците ако се знае потешко се повреди Милик. Романија одигра само 0:0 против Лихтенштајн.
Пријателска одиграа и Белорусија и Русија, победија гостите со 0:4.