Анастас Арнаудовски (17), еден од најталентираните фудблери во Хрватска, инаку Македонец по потекло ќе игра за нашата земја. Како што истакнуваат од Хрватска, на покана на одговороните во ФФМ, играчот на Вараждин доаѓа во Скопје на собирот на младата репрезентација на Македонија до 17 години. Ова него ќе му биде прво доаѓање во Македонија.
Инаку Анастас е роден во Чаковец, досега играл за младите селекции на Хрватска, но сепак сега се решил да го прифати повикот од ФФМ и да игра за Македонија.