Роберт Левандовски може да ја продолжи кариерата во САД, тврди „AC“. Според авторитетното издание, главен кандидат за привлекување на полскиот интернационалец е Лос Анџелес Галакси.
Лева има договор со Барса до следното лето, но клубот е склон да го продаде поради неговата старост и високата плата што ја добива. Минатата сезона одигра 49 натпревари во сите натпреварувања и постигна 26 гола.
Не е тајна дека Ројс и Левандовски се добри пријатели уште од времето заедно во Дортмунд, а раководството на ЛА Галакси се надева дека тоа ќе помогне и при доаѓањето на Левандовски.