Мустафа Зеќировски, 16-годишното момче кое во моментов настапува за младинскиот тим на германски Нирнберг е потенцијално нов член на нашите младински селекции.
„Спортспорт“ не мирува и во летниот период е секогаш во потрага по наши деца кои настапуваат ширум светот и кои евентуално би биле дел од нашиот национален тим.
Па така, што се однесува до Зеќировски, тоа е момче кое што настапува на левата бековска позиција, очигледно се служи со левата нога, што секако е голема предност и таквите играчи секогаш се добредојдени.
Развојот на Зеќировски секако дека ќе се следи во наредниот период, а на ФФМ е да реагира и да се обиде да го доведе во своите редови. Според интернет информациите тој веќе поседува македонски пасош што значи дека не би имало никакви пречки тој да настапува за нас.