Ливерпул со 45 милиони евра по халф на Аталанта

125

Ливерпул понудил 45 милиони евра (38 милиони фунти) за дефанзивниот халф на Аталанта, Едерсон, тврди бразилскиот спортски новинар Жорж Никола. Се уште не е јасно дали има повратен одговор од Аталанта.
Се претпоставува дека Аталанта го цени својот 24-годишен Бразилец на 50 милиони евра, па можно е двата клуба да се „исценкаат“ и да биде договорена сумата од 45 милиони евра.
Едерсон имаше одлични настапи оваа сезона. Тој беше и еден од најдобрите играчи во финалето на ЛЕ против Баер Леверкузен кога италијанскиот тим го освои трофејот.
Освен тоа се споменува и дека Ливерпул сака уште еден играч на Аталанта, а тоа е Тин Копмајнерс. Инаку фудбалерот и новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот заедно работеа во АЗ Алкмар.
Па од тука Слот предложил овој фудбалер да се донесе на „Енфилд“.

ПретходноРепрезентациите на Македонија до 17 и 19 години (жени) ги добија своите противници во квалификациите за ЕП
СледноСписокот на Саутгејт ги шокира сите: Нема да верувате кој тим дава најмногу репрезентативци на Англија….