Лео Меси се чини дека има намера да игра за својата Аргентина и на СП 2026 кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. На тој Мундијал “гаучоците“ ќе ја бранат титулата од Катар, а дали со Меси или без него, тој деновиве даде интересен коментар со кој не ја исклучи можноста да игра и на тоа СП:
“Тогаш ќе имам 38 години и се зависи од тоа како ќе се чувствувам.Пред се дали ќе бидам физички подготвен. Има уште време, но тоа брзо минува, јас сега не можам да ја исклучам таквата можност. Најважно е дали ќе бидам на тоа потребно ниво. Реални да бидеме она што сега го играм не е исто како во Европа кога имав меч секој трет ден, дали во првенството или ЛШ“ изјави Лео Меси.