Мојсов прозиваше, европскиот Тиквеш тргна со подготовките! (ФОТО)

1775

Како што и беше најавено. Од денеска попладне Тиквеш ги стартуваше подготовките. Прво стратегот Ѓорѓи Мојсов прозиваше, а потоа играчите го одработија и првиот тренинг на теренот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Веднаш да кажеме дека некои од играчите добија ден – два уште одмор, па така се очекува допрва тимот да се комплетира, да дојдат и новите имиња. денеска беше Михаил Маневски од новаците како што се гледа од фотографиите.

Инаку Тиквеш за првпат во својата историја толку рано ги стартува подготовките, тие летните, од причина што за првпат ќе игра во фудбалска Европа откако минатиот месец го освои Купот на Македонија, исто така за првпат во својата историја.May be an image of 7 people, people playing football, people playing soccer and text

May be an image of 5 people, people playing soccer, grass and text

ПретходноИ го украдовме Анастас Арнаудовски на Хрватска! (ФОТО)
СледноАлкараз губеше со 0:1 и 1:2 во сетови, но сепак преку Синер се пласира во финалето на Ролан Гарос! (ВИДЕО)