Моќната Чешка ја збриша Малта!

190

Познато е дека во понеделник (10 јуни), нашата најдобра фудбалска репрезентација во пријателски меч ќе и гостува на Чешка, која се подготвува за настап на претстојното ЕУРО 2024.

А денеска таа Чешка со неверојатни 7:1, исто во пријателски меч, просто ја збриша селекцијата на Малта.

По во оваа “седумка“ јасно е дека избраниците на селекторот Благоја Милевски во понеделник ги чека тежок, тежок меч, посебно ако се знае дека денеска Чешка играше во комбиниран состав.

Стрелци на головите беа Читил и Јурашек по два, потоа Барак, Лингр и Черни.

ФОТО: Sport.cz

ПретходноАлкараз губеше со 0:1 и 1:2 во сетови, но сепак преку Синер се пласира во финалето на Ролан Гарос! (ВИДЕО)
СледноРепрезентациите на Македонија до 17 и 19 години (жени) ги добија своите противници во квалификациите за ЕП