Дома Ракомет Останато Саудиска Арабија нема да биде ветена земја за странските голмани

Саудиска Арабија нема да биде ветена земја за странските голмани

562

Саудиска Арабија стана ветена земја за голем број спортисти, особено во светот на фудбалот. Сведоци сме на преселби на познати играчи во оваа земја пред залезот на својата кариера.

Но, во С.Арабија не се вложува само во фудбалот. Целта е да се подигне нивото на ракометот, шампионатот да стане уште попривлечен, но и да се развиваат домашните играчи. Па во следната сезона во оваа земја направија чекор напред кога станува збор за домашните ракометари, најверојатно ќе им се забрани на клубовита да земаат голмани од странство.

Во овој шампионат тренер е поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац. Тој оваа сезона го предводеше Ал Сафа, тим кој заврши на третото место. Во стручниот штаб на Брестовац беше и македонски тренер, Алексо Лембанов. За следната сезона, Ал Сафа ќе има вистински проблем доколку навистина се спроведе ова правило, на голот е екс пелистерецот Карим Хендави кој има и уште две години од договорот.

ПретходноКирил Лазаров ќе биде специјален гостин на ЕХФ во Келн
СледноКомерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години