Селекторот на У-21 на БиХ: Македонците беа некоректни, не го испочитуваа договорот!

7146

Пред два дена во Коњиц, У-21 селекцијата на Македонија беше поразена од соодветната репрезентација на БиХ со 2:1. Сепак по мечот селекторот на домашната селекција, Игор Јанковиќ, имаше и тоа како замерки за нашата селекција, поточно за нашиот селектор Драган Канатларовски.

Едноставно Цапар не го испочитувал договорот, така истакнува Јанковиќ за медиумите во БиХ:

Освен со резултатот, со ништо друго не можам да бидам задоволен. Македонците не беа коректни, не го испочитуваа договорот. Инаку договорот беше и двете репрезентации да испробаат играчи за следните квалификации, генерација 2004 и 2005. А тие овој натпревар го завршија со девет играчи од 2002 година, навистина некоректно“ гневно изјави Јанковиќ.

Инаку да споменеме дека дел од клубовите на нашите интернационалци бараа нивните играчи да играат само на еден меч, а не на двата и против Полска и против БиХ. Јасно е зшто е тоа така, тие се преморени, крај на сезоната е.

Исто така треба да се каже дека овој јунски циклус за У-21 можеше и да се прескокне. За нас квалификациите се завршени иако останува во групата за пласман на ЕП да се играат уште четири средби.

И на крај, Цапар вети а не исполни дека ќе прави релативно подмладување за овој термин, да испроба дел од новата генерација а тој со БиХ, нашите спортски пријатели, играл со две – три години повозрасни фудбалери од тие на домашната селекција.

Навистина некоректно од наша страна, пред се некоректно од селекторот Драган Канатларовски.

ПретходноЌосевски го напушти македонскиот шампион
СледноГолман отпадна од составот на Германија за ЕП