Слот пикираше еден од клучните играчи на Аталанта, Ливерпул нуди 45 милиони

224

Ливерпул испратил понуда од 45 милиони евра за дефанзивниот играч за врска на Аталанта, Едерсон, тврдат бразилските медиуми. Се уште не е јасно дали италијанскиот тим дал одговор на нивната понуда. Се верува дека тимот од Бергамо го цени 24-годишниот Бразилец на околу 50 милиони, па тешко дека би било проблем за двата клуба да се договорат во случај Ливерпул да има сериозен интерес.

Едерсон го привлекува вниманието со своите силни настапи во текот на целата сезона. Тој беше и еден од најдобрите играчи во финалето на Лига Европа против Баер Леверкузен. Бразилецот е многу енергичен при притискање и одземање на топката, што би направило одлична работа за стилот на новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот. Веќе неколку дена се тврди дека Холанѓанецот сака во клубот да донесе квалитетен дефанзивен играч за врска.

Ливерпул е заинтересиран и за уште една ѕвезда на Аталанта. Станува збор за сонародникот на Слот, Тјун Копмајнерс, кој исто така е трансфер цел на Јувентус. Двајцата работеа заедно во АЗ Алкмар, па одлично си ги познаваат квалитетите.

ПретходноL’Equipe тврди: Карабатиќ му ја спасил кариерата на Ѓоковиќ
СледноКирил Лазаров ќе биде специјален гостин на ЕХФ во Келн