Во периодот од 14 до 16 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски“ ќе се одржи третото издание на меморијалниот турнир во чест на Марче, кој прерано го напушти овој свет.
Фондацијата која го носи името на овој ракометар, а ја формираа неговите родители, Александра и Ристе Божиновски се обидува да им помогне на младите спортисти во детектирање на срцеви заболувања. Тие почнуваат со нов проект – опремување на клубовите ширум низ Македонија со мерачи на срцев ритам. На овој начин младите спортисти ќе биде дополнително заштитени од евентуални кардиолошки проблеми за кои не биле свесни.
Деталите од оваа мисија, можете да ги прочитате во продолжение.
View this post on Instagram