Дормунд испрати понуда од 25 милиони евра до Челзи за холандскиот дефанзивец

574

Првичната понуда на Борусија Дортмунд за холандскиот дефанзивец Јан Матсен ќе биде околу 25 милиони евра за почеток на преговори со Челзи. Сепак, ослободителната клаузула на 22-годишниот лев бек, кој минатата сезона играше како позајмен во германскиот тим е вредна 35 милиони евра.

Се очекува двата клуба да разговараат за ситуацијата во наредните денови, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.

Задржувањето на Матсен е приоритет за Борусија Дортмунд, но финалистите од Лигата на шампионите не се подготвени за големи потези и ќе размислуваат за алтернативи.

Холанѓанецот во изминатата сезона забележа 16 натпревари и 2 гола во Бундеслигата.

ПретходноЛА Галакси сака да ги спои Левандовски и Ројс
СледноЌосевски го напушти македонскиот шампион