Шпанија го објави конечниот список на играчи за ЕП 2024

473

Познати се 26 „мускетари“ кои ќе ги бранат боите на Шпанија на претстојното ЕП 2024. Селекторот Луис де ла Фуенте ги одбра фудбалерите во кои има доверба, а Шпанија како еден од фаворитите ќе атакува на титулата. Репрезентацијата на Шпанија на Евро-2024 ќе игра против Хрватска, Италија и Албанија.

Голмани: Унаи Симон (Атлетик), Алекс Ремиро (Реал Сосиедад), Давид Раја (Арсенал).

Дефанзивци: Хесус Навас (Севиља), Даниел Карвахал, Начо (двајцата од Реал), Робен Ле Норман (Реал Сосиедад), Емерик Лапорте (Ал-Наср), Дани Вивијан (Атлетик), Алекс Грималдо (Баер), Марк Кукурела (Челзи).

Играчи од средниот ред: Мартин Зубименди, Микел Мерино (двајцата од Реал Сосиедад), Родри (Манчестер Сити), Фабијан Руиз (ПСЖ), Педри, Фермин Лопез (двајцата од Барселона), Алекс Баена (Виљареал).

Напаѓачи: Ламине Јамал, Феран Торес (двајцата од Барселона), Дани Олмо (РБ Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетик), Ајозе Перез (Бетис), Алваро Мората (Атлетико), Хоселу (Реал), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад).

Тројцата играчи кои не беа вклучени во финалната постава се Пау Кубарси (Барселона), Алеиш Гарсија (Џирона) и Маркос Љоренте (Атлетико).

ПретходноКомерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години
СледноЛА Галакси сака да ги спои Левандовски и Ројс