Што ли гледа Пикси?!: “Подобри бевме од Австрија“! Фановите во Србија во шок!

828

Србија можеби има добар тим, можеби одличен, но има очаен селектор, има најслаб селектор во историјата на таа земја, и Србија може да се “гордее“ дека ќе има најслаб селектор на ЕУРО 2024, убедливо.

Тоа сите го знаат, но не и тие од ФСС кои уште му дадоа нов договор и тоа до 2026 и тоа за многу поголема плата.

Но, тоа е нивна работа. Тие што се реални и што не “паѓаат во несвест“ на името Пикси многу добро знаат дека разликата меѓу Пикси фудбалер и Пикси селектор е небо и земја.

А дека човекот е изгубен, тоа уште еднаш се покажа и дека едноставно сака сите останати да ги направи ненормални, дека само тој знае фудбал.

Па така денеска мртов ладен истакна дека на пријателската со Австрија, на која Србија се спасуваше од катастрофа, беше поразена со 2:1, неговата селекција била подобра.

На ова фановите во Србија беа шокирани, секако имаа свои коментари на социјалните мрежи.

Инаку Пикси успеа да ја однесе Србија на ЕП само поради лудата среќа зошто во квалификациите неговата селекција беше во најслабата група во историјата на било кои квалификации.

ПретходноЕХФ објави: Ф4 турнирот во ЛШ ќе остане во Келн до 2029!
СледноПораката на Роналдо до Мбапе го урна рекордот на Инстаграм! (ФОТО)