Ќосевски го напушти македонскиот шампион

1521

Првиот голман на Струга, Ведран Ќосевски ќе бара нов клуб откако се раздели до македонскиот шампион. 29-годишниот чувар на мрежата беше стандарден, меѓутоа доаѓа разделба меѓу двете страни, а стружани веќе донесоа нов голман на негово место и тоа Филип Дујмовиќ од БиХ.
Веројатно Ќосевски ќе се врати во Железничар од БиХ, каде што играше и претходно, а ќе оди на местото на Ведад Муфтиќ кој може да биде продаден.

Претходно шампионот Струга Трим Лум соопшти дека се раздели со дуото Меџит Незири – Едис Малиќи.

ПретходноДормунд испрати понуда од 25 милиони евра до Челзи за холандскиот дефанзивец
СледноСелекторот на У-21 на БиХ: Македонците беа некоректни, не го испочитуваа договорот!