L’Equipe тврди: Карабатиќ му ја спасил кариерата на Ѓоковиќ

7527

Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од четвртфиналето на Ролан Гарос и мечот против Каспер Руд поради скинат менискус на десното колено. Српскиот тенисер во средата итно беше опериран, а болницата во Париз веднаш ја напушти со патерици и на своите фанови им порача дека операцијата поминала добро.

Се очекува опоравувањето на Ѓоковиќ од оваа операција да трае најмалку три недели. Теоретски, тоа значи дека тој би можел да биде подготвен да се натпреварува на Вимблдон, кој започнува на 1 јули, за околу три и пол недели, но тоа е неверојатна опција. Приоритет на Ѓоковиќ ќе биде опоравувањето за Олимписките игри во Париз, каде тенискиот турнир започнува на 27 јули, речиси еден месец по почетокот на Вимблдон. Тоа би требало да биде доволно време за да се опорави и да се врати во топ форма.

Неколку медиуми ја пренесоа објавата на култниот L’Equipe, кој пишува дека Никола Карабатиќ, познатиот француски ракометар со хрватско-српско потекло, му ја спасил кариерата на Ѓоковиќ. Според нивните изјави, сличен проблем имал и Карабатиќ, а Ѓоковиќ токму по негова препорака ги избрал докторот и клиниката за операција, а му се јавил кога дознал дека му е потребна итна процедура.

ПретходноПеп Гвардиола му донесе среќа против Далас (ВИДЕО)
СледноСлот пикираше еден од клучните играчи на Аталанта, Ливерпул нуди 45 милиони