Андреас Трајковски настапи на Европското првенство во атлетика во Рим (Италија) во квалификациите во скок во далечина. Андреас прескокна 7.73 сантиметри (ветар -0.9м/с) во третата серија со што го завзема 22-то место од 28 атлетичари кои настапија денес во квалификациите.
Во првиот скок прескокна 7.58 (-2.0 м/с), во вториот 7.57 (-2.0 м/с). За пласман во финалето потребно беше да се скокне преку 7.95 сантиметри, резултат кој го имаше 12-то пласираниот Страхиња Јованчевиќ од Србија.
Денес најдолг скок во квалификациите оствари Симон Еинамер од Швајцарија кој прескокна 8.41 сантиметар што представува најдобар скок во оваа сезона во светот.