Дебитантот во ПМФЛ, тимот на Беса и тоа како ја засили голманската позиција. Ново име е Костадин Захов (36), досегашниот голман на Воска и легенда на Шкендија со која освојуваше титули и играше во Европа, трипати во плеј – офот во Лигата на Европа.
Голман кој во изминатата деценија важеше за еден од најдобрите голмани во ПМФЛ.
Покрај Воска и Шкендија, Захов во својата кариера има брането и за Вардар, Брегалница, Хоризонт Т и Беласица.
Се разбира дека ова е големо засилување за клубот од Добри Дол кој најавува дека ќе има уште вакви засилувања во текот на летниот преоден рок.
Нема што, Беса под водство на тренерот Александар Таневски нема намера да игра епизодна улога во својата дебитантска сезона во ПМФЛ.
Инаку покрај Захов, од Воска пред неколку дена си замина и Ален Јашароски. Што ова значи?