Чаби Алонсо има големи планови за Реал, со себе ќе понесе еден играч од Баер

5769

Чаби Алонсо направи чудо со Баер Леверкузен во сезоната зад нас. Неговиот тим загуби само еден натпревар, во финалето на Европската лига против Аталанта, додека во Германија доминантно ја освои првата титула во Бундес-лигата и трофејот во Купот на ДФБ.

Одличниот шпански стручњак имаше огромен број понуди на маса. Баерн и Ливерпул му понудија огромни договори за преземање на тимовите ова лето, но тој реши да остане уште една година во шампионот Баер.

Сепак, се очекува во летото 2025 година 42-годишниот стручњак да ја напушти клупата. Според германските медиуми, негов нов тим треба да биде Реал Мадрид, каде што ќе го замени Карло Анчелоти.

Според мислењето на многумина, токму поради Реал, Алонсо ги одбил понудите на Баерн и Ливерпул. Знаеше дека Анчелоти заминува во пензија и дека местото на клупата на „кралевите“ ќе биде празна, а беше и првиот фаворит за наследник на еден од најголемите тренери на сите времиња.

Билд пишува дека со себе ќе ја земе најголемата ѕвезда, феноменалниот Флоријан Вирц.

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за услугите на 21-годишната германска ѕвезда. Флорентино Перез го гледа како идеален за својот тим и со него би го комплетирал дрим-тимот што реши да го создаде на Сантијаго Бернабеу.

Цената на Вирц не е мала. Баер бара повеќе од 100 милиони евра за неговите услуги, но парите не се проблем за кралевите кои навистина добро работат и нема да биде изненадување ако еден од најдобрите млади фудбалери во светот заврши во Мадрид. .

Германскиот репрезентативец минатата сезона одигра извонредно во дресот на Леверкузен. Тој одигра 49 натпревари и има постигнато 18 гола и 20 асистенции.

ПретходноБостон го декласираше Далас на Дончиќ и поведе во финалето (ВИДЕО)
СледноБум: Беса го договори Захов!