Србија ја победи Шведска на гостински терен со 3:0, но мечот падна во втор план, со оглед на тоа што овој натпревар беше можност Златан Ибрахимовиќ да се прости од репрезентацијата пред преполн стадион.
Ибрахимовиќ замина во повеќе од заслужена пензија, откако играше долги години и стана најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја. Шведска го организираше овој проштален меч во негова чест, а на крајот на средбата тој излезе на теренот, каде што доби овации од навивачите.
❤ Zlatan Ibrahimovic was thanked by the Swedish national team this evening for the first time since his retirement 🇸🇪
📽 @SwedeStats pic.twitter.com/2NXotzKv95
— SempreMilan (@SempreMilanCom) June 8, 2024