Проблеми за Полска – Милик го пропушта ЕП

110

Полска ја совлада Украина со 3:1 во пријателски меч одигран во Варшава во пресрет на ЕП 2024. По тој меч Полјаците се најдоа во проблеми затоа што останаа без важен играч. Уште во втората минута се повреди напаѓачот Арек Милик, а по медицинските прегледи востановено е дека тој ќе го пропушти Европското првенство, пренесува ФС на Полска.
На тој меч се повредија уште дефанзивците Себастијан Валукевич и играчот од средниот ред Тарас Романчук, но тие повреди се од полесен карактер што значи дека ќе бидат спремни за ЕП.
Полскиот селектор Михал Пробеж се најде во невољи во моменти кога треба да го соопшти конечниот список за ЕП. Покрај Милик, на ЕП поради повреди нема да одат Никола Залевски, Михал Скорас, Бартош Саламон, Јакуб Кивиор и Каспер Урбански.

ПретходноШвјонтек ја продолжи доминацијата на Ролан Гарос
СледноКанаваро си замина од Удинезе по само шест натпревари