Она што во изминатите денови “СпортСпорт“ ексклузивно го објави, денеска ФК Тиквеш и официјално го потврди. Имено освојувачот на Купот денеска официјално ги претстави своите нови имиња и тоа Стефан Тасев, Давид Манасиевски, Ѓорѓи Ѓорѓиев и Михаил Маневски.
Во деновите што доаѓаат во таборот на еден од нашите претставници во Европа ова лето ќе има најмалку уште двајца Бразилци како нови имиња, но и уште едно до две квалитетни прволигашки играчи со кои се преговара.
Секако дека стратетот Ѓорѓи Мојсов во следната сезона ќе има уште поквалитетен тим.