27-годишниот дефанзивен играч за врска на екипата на Тиквеш, Благојче Спиркоски и следната сезона ќе го носи дресот на освојувачот на Купот на Македонија.
Како што потврдија денеска од кавадаречкиот состав, Спиркоски и управата на клубот се договориле за нова едногодишна соработка. Прилепчанецот во Тиквеш дојде минатото лето и во штотуку завршената сезона беше еден од најзабележителните во составот на тренерот Мојсов.
Спиркоски во изминатата сезона имаше 24 настапи за Тиквеш во Првата лига на Македонија.