Алборг го победи актуелниот првак и ќе игра во финалето од ракометната ЛШ

418

Дански Алборг ќе игра во финалето на машката ракометна Лига на шампиони откако во полуфиналето го победи актуелниот европски првак Магдебург со 28:26. Алборг кој влезе во мечот како аутсајдер успеа да го изненади германскиот великан и да го победи па така втор пат во историјата, а првпат по 2021 година ќе игра во финалето.
На пауза се отиде со нерешен резултат 11:11. Ландин не беше на висина на задачата, па во игра влезе вториот голман Норстен.

Второто полувреме почна израмнето, а по десеттина минути црвен картон доби Бонавентура поради груба игра. Во финишот на мечот Алборг најчесто имаше предност, а Магдебург изедначување.

На 26:25, Ландин му одбрани шут на Магнусон, а Хоксер реализираше на истекот на претпоследната минута за плус два за Алборг. Во следната акција Магнусон намали, а потоа Бартолд ги постави конечните 28-26.
Кај Алборг најефикасен беше Хоксер со осум гола, а кај Магдебург, Магнусон постигна десет.

Алборг во финалето ќе го чека подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Барселона и Кил. Поразениот ќе игра со Магдебург за бронзата.

ПретходноКако принцези: Еве каде ќе престојуваат сопругите на репрезентативците на Англија за време на ЕУРО 2024!
СледноШвјонтек ја продолжи доминацијата на Ролан Гарос