Варди потпиша нов договор со Лестер, тројца заминуваат

279

Повратникот во Премиер лигата, Лестер Сити објави дека тројца фудбалери добија дозвола да си одат од клубот. 34-годишниот Марк Олбрајтон, 27-годишниот напаѓач Келечи Ихеначо и 30-годишниот играч од средниот ред Денис Прат, чиј договори истекуваат во јуни, ќе си побараат нови клубови.
Олбрајтон игра за Лестер од 2014 година, Ихеначо е меѓу „лисиците“ од 2017 година, а Прат од 2019 година.
Во меѓувреме ветеранот Џејми Варди го продолжи договорот на уште една сезона. Тоа значи дека од сегашниот состав тој е единствениот од шампионскиот тим од 2016 година.

ПретходноИбра и официјално пензионер: Швеѓаните му приредија шоу за испраќање (ВИДЕО)
СледноСинот на Анчелоти не сака да работи сам, ќе остане помошник на Карло