Се чини дека првата добра работа на новиот стратег на “баварците“ Винсент Компани е таа што го натера Алфонсо Дејвис да остане во Баерн Минхен. Имено на Канаѓанецот договорот му истекуваше следниот јуни, а тој и Реал Мадрид не криеја дека ова лето би можел да се случи потпис а Флорентино Перез да плати не повеќе од 40 милиони евра.
Сепак последните информации од Минхен велат дека Компани имал долги разговоро со офанзивниот лев бек и го убедил да остане. Потоа Компани имал разговори и со челниците на Баерн на кој побарал на Дејвис да му се продолжи договорот.