Дамјан Марковски ја исполни својата цел. Тој пред 11 дена одлучи да си постави 400 километарски предизвик во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија.
Дамјан вчеравечер пристигна на Острошкиот манастир.
Со овој херојски подвиг ги повика сите да донираат симболичен износ за набавка на Polar мерачи на срцевиот ритам, кои ќе бидат доделени на младите спортисти во нашата земја. Оваа неговата иницијатива е поддржана од страна на Фондацијата „Марко Божиновски“.
View this post on Instagram