И Азар со специјална порака за Мбапе!

342

Килијан Мбапе веќе е “крал“. Неговиот трансфер во Реал Мадрид иако очекуван, го засени дури и ЕУРО 2024. Иако презентацијата ќе биде дури по завршување на неговите обврски со репрезентацијата на Франција на ЕП, сепак топ – тема е Мбапе и Мбапе.

Откако пред неколку дена со порака се огласи Кристијано Роналдо, тоа го стори и Еден Азар, инаку голем пријател на Мбапе, некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот кој сепак не успеа да остави некој белег на “Сантијаго Бернабеу“.

Имено Азар му се јавил на Мбапе и му порачал или посакал, да го стори тоа со Реал што он не можел:

Брат, стори го тоа што јас не можев. Уживај играјќи за Реал и освојувајќи трофеи“ биле зборовите на Азар.

ПретходноСаутгејт по бламажата со Исланд: Не сум загрижен за реакцијата на фановите!
СледноНа “Маракана“ просто “гореше“: Големата ѕвезда се врати дома! (ФОТО+ВИДЕО)