Ете и тоа го има во атлетиката, во спортот воопшто. Готово е кога навистина е готово. Тоа на своја кожа на најболен начин го почувствува Лаура Гарсиа – Каро од Шпанија, која во дисциплината 20 км во брзо одење при влегување на “Олимпико“ во Рим, каде што деновиве се одржува ЕП во атлетика, беше трета. И почна да прославува, го имаше бронзениот медал, но тогаш на само два метри од целта нејзе ја престигна Украинката Људмила Ољановска. Кога тоа го виде Лаура веќе беше доцна, остана без медал.
Каков гаф…
Disaster! 😱
Rule number one: don't celebrate too early! 😬#Roma2024 #IgniteTheFire pic.twitter.com/neqiuXoEz3
— European Athletics (@EuroAthletics) June 7, 2024