Како принцези: Еве каде ќе престојуваат сопругите на репрезентативците на Англија за време на ЕУРО 2024!

545

Од она што може да се прочита од медиумите на Островот во врска со ЕУРО 2024, покрај другото, секако дека е интересно каде ќе престојуваат сопругите и девојките на репрезентативците на Англија.

Ако во Катар на СП беа сместени во луксузен брод, сега тоа ќе биде во хотелот “Шлостел“ во Кронберг, кој е сместен во дворец изграден во 1893 година.

Секако дека сопругите на Кејн, Фоден и останатите ќе бидат како принцези во сиот тој раскош и луксуз кој го нуди овој дворец. Тие ќе уживаат во сите благодети на овој дворец додека играчите на Саутгејт ќе се обидат да го освојат трофејот.

Инаку само ноќевање е околу 2,500 евра во овој хотел.

ПретходноВест Хем договори Бразилец за 30 милиони евра
СледноАлборг го победи актуелниот првак и ќе игра во финалето од ракометната ЛШ