Италијанскиот тренер Фабио Канаваро си заминува од Удинезе и тоа по само шест натпревари на кормилото. Канаваро седна на клупата во април, го предводеше тимот на шест натпревари во кои освои девет бодови и успеа да избегне преселба во Серија Б.
„Претседателот Поцо ме информираше дека одлучил да не ја продолжиме соработката. Му се заблагодарувам на шансата што ми ја даде и жал ми е што не можеме да продолжиме“, изјави Канаваро.
Удинезе заврши на 15-тото место.
Канаваро претходно работеше во Беневенто, беше селектор на Кина, а работеше во кинеските Гвангжу и Танџин, како и во Ал Наср од Саудиска Арабија.