Кристиан Маркоски потпиша за Келн, но и за Македонија!

3801

Младиот и ултра талентиран играч за врска на германскиот бундеслигаш Келн, Кристиан Маркоски е уште еден новитет за нашите младински репрезентативни селекции. Момчето кое што во моментов има 16 години е повикан летово да пристигне во Македонија на селективен камп и со тоа да го официјализира својот статус на репрезентативец.

Се работи за момче кое што ја започна својата кариера во тимот на Дизелдорф, за да преку Викториа Келн, стигне до младинскиот погон на далеку поквалитениот и потрофеен клуб од овој град.

Маркоски веќе има потпишано и двегодишен договор кој е со траење до 2025 година. Со оглед на фактот што Келн изминатата сезона во Бундес лигата не успеа да обезбеди опстанок, поточно следнава ќе игра во „Цвајта“, нема да биде чудно доколку во текот на истата Маркоски не стане еден од најмладите дебитанти за првиот тим.

ПретходноПромоција: Тиквеш се пофали со Тасев, Манасиевски, Ѓорѓиев и Маневски! (ФОТО)
СледноФорсберг водел двоен живот. Сопругата го разоткри шведскиот играч на социјалните мрежи…