Жозе Мурињо со денови е ѕвезда во Турција, а денеска објасни зошто се реши да го го преземе Фенербахче.
„Она што ме поттикна да се согласам е тоа што ми недостасуваше да се борам за титула. Во Рома не се боревме за титулата. Рома сакаше да победи затоа што велат дека тимот секогаш игра за да победи кога сум јас во него, но тоа не е точно. И ништо не се смени откако заминав од таму. Она што го постигнавме во европските натпреварувања беше невообичаено, но во првенството не бевме во позиција да се бориме за титулата. Фенербахче, секако, ќе има свои тешкотии, но Фенербахче, Бешикташ, Галатасарај и Трабзонспор се борат за титулата. Ние ќе се бориме за титулата – тоа ме мотивира. Тоа не се случи во Рома, ниту во Тотенхем“, вели Португалецот.