Дека имаше лоша сезона тоа е факт, но дека и натаму Барселона има и тоа како квалитетни играчи во своите редови најголем доказ е тоа што 12 од редовите на каталонскиот гигант ќе бидат дел од ЕУРО 2024.
Тоа се Педри, Јамал, Лопез, Торес (Шпанија), Тер Штеген, Гундоган (Германија), Кансело, Феликс (Португалија), Кунде (Франција), Левандовски (Полска), Де Јонг (Холандија) и Кристенсен (Данска).
Што се однесува до Барса, овој клуб досега најмногу играчи дал за ЕП 2000, десет, а по девет имало на 1996, 2004, 2008, 2012 и 2016, додека на минатото ЕП од Барса имало “само“ осум.