Неверојатно: Лука Модриќ по деветти пат ќе игра на ЕП или СП првенство! (ФОТО)

144

Вчера во доцните вечерни часови, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ го објави скратениот список на играчи на кои смета за претстојното ЕУРО 2024. Нема поголеми изненадувања а секако дека во преден план е Лука Модриќ, капитенот и иконата на хрватскиот фудбал.

Интересно, ова за легендата на Реал Мадрид ќе биде деветто големо натпреварување на кое тој со својата репрезентација ќе настапи.

Се почна во 2006 година и СП во Германија. Од тогаш па до сега Хрватска и Модриќ не играле само на СП 2010 во Ј. Африка кога “коцкестите“ не се пласираа, но затоа настапија со Модриќ во тимот на СП 2006, ЕП 2008, ЕП 2012, СП 2014, ЕП 2016, СП 2018 кога беа втори, ЕП 2020, СП 2022 кога беа трети.

Секоја чест, како за Модриќ така и за Хрватска.

Инаку ова се списокот на Далиќ за ЕУРО 2024:Image

ПретходноДејвис се поблиску до останување во Минхен?!
СледноФ4 ЛШ: Магдебург го брани тронот, последниот танц на Хансен, тука се Кил и Барса, како и Начевски и Николов! (ФОТО)