Рабио на крај, сепак, ќе остане во Јувентус

85

И покрај сите најави дека летово ќе си замине од Торино, централниот играч за врска на Јувентус, Адриен Рабио, се чини дека одлучил да продолжи во својот сегашен клуб.

Договорот на 29-годишниот Французин со „Старата дама“ истекува на крајот на овој месец, но, според новинарот Николо Шира, страните се многу блиску до продолжување на договорот во услови на продуктивни преговори во последните денови.

Се очекува Рабио да потпише нов договор со Јувентус до летото 2025 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

ПретходноБарселона го „размонтира“ Кил и ќе игра за 12-тата европска круна
СледноУ19: Реми на првиот контролен меч со Грузија