Саутгејт по бламажата со Исланд: Не сум загрижен за реакцијата на фановите!

95

Синоќа на “Вембли“ во Лондон на “генералката“ пред ЕУРО 2024, Англија сензационално беше поразена од Исланд со 0:1. Секако дека таа никаква игра и тој пораз беше повод да зовријат страстите на Островот, посебно откако селекторот Герет Саутгејт од списокот изостави и тоа какви имиња.

Инаку самиот селектор по синоќешната бламажа истакна:

Ги разбирам исвиркувањата на навивачите. Не одигравме добро и не создадовме доволно шанси. Да кажам дека не сум загрижен за реакцијата на фановите по овој меч. Треба да играме подобро, да притискаме, да бидеме покомпактни“ рече покрај другото Саутгејт.

ПретходноФ4 ЛШ: Магдебург го брани тронот, последниот танц на Хансен, тука се Кил и Барса, како и Начевски и Николов! (ФОТО)
СледноИ Азар со специјална порака за Мбапе!