Синот на Карло Анчелоти, Давиде ќе остане во Реал Мадрид. Според „Релево“, синот на менаџерот на Реал Мадрид, кој работи како негов помошник, планира да продолжи со мадридскиот клуб уште една година, иако неколку тимови во Европа му понудија да биде самостоен тренер.
34-годишниот Давиде веќе има понуди од два клуба – Ремс и Лестер. Двата клуба го гледаат Давиде како заштитно лице на нивниот нов проект.
Сепак, во моментов Италијанецот сака да остане во Реал уште една година. Без да ја затвори вратата за можните понуди и без да исклучува средби со потенцијалните кандидати, тој има намера да ја заврши својата етапа со Карло на „Сантијаго Бернабеу“, а потоа да почне како главен тренер на клуб кој одговара на неговите карактеристики.