Спиркоски останува во Тиквеш уште една сезона

204

27-годишниот дефанзивен играч за врска на екипата на Тиквеш, Благојче Спиркоски и следната сезона ќе го носи дресот на освојувачот на Купот на Македонија.

Како што потврдија денеска од кавадаречкиот состав, Спиркоски и управата на клубот се договориле за нова едногодишна соработка. Прилепчанецот во Тиквеш дојде минатото лето и во штотуку завршената сезона беше еден од најзабележителните во составот на тренерот Мојсов.

Спиркоски во изминатата сезона имаше 24 настапи за Тиквеш во Првата лига на Македонија.

ПретходноКанаваро си замина од Удинезе по само шест натпревари
СледноНено се поздравил со соиграчите во Уникс, чека потврда на трансферот во Милано