У19: Реми на првиот контролен меч со Грузија

190

Младата фудбалска репрезентација на Македонија одигра без голови (0:0) на првиот од двата пријателски меча против своите врсници од Грузија. Мечот се одигра денеска во Тбилиси, каде за два дена ќе биде одигран и вториот меч.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа цврст меч кој на крајот го завршија со играч помалку. Имено, резервистот Сековски по само четири минути откако влезе во игра заработи црвен картон во 78. минута.

Оваа генерација на Станојковиќ претходно во Скопје двапати тестираше со Црна Гора и оствари една победа и еден пораз.

ПретходноРабио на крај, сепак, ќе остане во Јувентус
СледноСрбија убедливо ја совлада Шведска